Услови за користење

Добредојдовте на веб страницата на BiteInc.mk. Со користење на нашите услуги преку веб страницата, Вие, како “крајни корисници” потврдувате дека ги прифаќате наведените Услови за користење и се согласувате да ги почитувате.

Ве молиме прочитајте ги внимателно овие Услови пред да направите нарачка преку нашата страница. Доколку не се согласувате со наведените Услови во целост, воздржете се од користење на нашоите услуги. Во случај да имате дополнителни прашања, контактирајте не на ask@biteinc.mk

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

 

ЗАКОНСКА ОБВРСКА

 

Доколку направите нарачка преку нашата веб страница, www.biteinc.mk, се обврзувате истата уредно да ја примите на наведената локација. При злоупотреба на нашите услуги, Bite Inc има има право да покрене законска постапка против Вас, со цел да ја надомести штетата предизвикана од злоупотребата.  

 

ПРАВО ДА ОДБИЕТЕ НАРАЧКА

 

Имате право да ја одбиете направената нарачка во следниве случаи:

 

·         Нарачката доцни повеќе од 20 минути од наведеното време на веб страницата. Меѓу исклучоците на ова правило се вбројуваат затворени или блокирани улици, штрајкови, лоши временски услови и останати ситуации кои би го попречиле нормалното движење на нашите доставувачи низ градот.

·         Температурата на нарачаната храна е незадоволителна по вина на нашиот тим

·         Нарачката е доставена без заштитна налепница

·         Нарачката не е комплетна. Во овој случај, имате право да  побарате тоа што недостасува да ви биде доставено без дополнителен трошок во најбрз временски рок или средствата да ви бидат рефундирани. Доколку се одлучите Вашата онлајн платена нарачка да биде рефундирана, Bite Inc ќе испрати барање за рефундирање на Вашите средства и истите ќе ви бидат достапни за еден до пет работни дена. Ве охрабруваме ваквите проблеми да ги пријавувате преку бројот наведен на веб страницата или преку емаил до ask@biteinc.mk.

 

OПШТИ НАПОМЕНИ

 

BiteInc.mk е веб страница управувана од Друштво за угостителство, промет и услуги Клауд Кичен ДОО Скопје, основано и регистрирано во Македонија, со седиште на ул. Христо Смирненски бр. 54, Центар – Скопје, со ЕМБС 7442394 и даночен број 4080020591836. BiteInc.mк е првата фантом кујна во Македонија и регионот, во која се приготвуваат јадења од повеќе брендови, достапни за испорачка на едно место преку нашата веб страница.

 

ДОСТАПНОСТ НА УСЛУГАТА

 

Bite Inc  нуди нарачување и испорака на храна од нашите брендови низ Скопје – Центар, а во блиска иднина и на територијата на целиот град. Ако живеете надвор од областа на испорака, ќе се појави порака на екранот и ќе ве извести дека онлајн нарачување нема да биде можно.

 

НАРАЧКИ

 

Кога правите нарачка преку нашата веб страница, добивате потврда на емаил за истата. Ве молиме да се осигурате дека оставате точна емаил адреса, бидејќи на овој начин ќе комуницираме со вас во врска со вашата нарачка. Исто така осигурајте се дека во профилот имате внесено точна адреса и телефонски број, за да биде доставена вашата нарачка на точната локација. Bite Inc има за цел да обезбеди квалитетна на услуа и ќе биде достапен за контакт во случај да се појави проблем со вашиот оброк или во однос на квалитетот и/или температурата на храната. Ве молиме да не информирате преку емаил или телефон доколку имате какви било коментари во врска со  храната.

 

ОБРОЦИ

 

Сите оброци се предмет на достапноста. Bite Inc ќе се обиде да Ви понуди алтернатива за секој оброк што не може да Ви го обезбеди. Ве молиме пред нарачување на одредена храна да наведете во коментар доколку имате алергија.

 

ИСПОРАКА

 

Нашата цел е да обезбедиме најдобра услуга за испорака. За жал, работите не одат секогаш по планираното и на нашата работа влијаат многу фактори, како што се условите во сообраќајот и временските услови. Тие фактори може да не спречат во постигнувањето на нашите цели. Ние ќе се потрудиме вашиот оброк да биде предаден во времето наведено во емаилот што ќе ви пристигне и времето наведено на веб страницата. Тајмингот на вашата нарачка се утврдува со земање во предвид на бројот на нарачки

 

 ОТКАЖУВАЊЕ НАРАЧКА

 

Вие имате право да ја откажете нарачката, во разумен рок, но пред да започне процесот за спремање на истата. Вие нема да ја платите нарачката која е откажана во согласност со оваа клаузула.

 

 

 ЦЕНОВНИК И ПЛАЌАЊЕ

 

Цената на секој оброк е наведена на нашата веб страница. Цените се со вклучен ДДВ. Цените се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијаат на тековната нарачка за која ви стигнала емаил потврда, освен во случај на очигледна грешка во цените, при што ние веднаш ќе ве известиме за можните промени. Доколку не ви одговараат променетите цени вие ќе бидете во можност да ја откажете нарачката. Плаќањето на вашите нарачки може да ги вршите во готово при достава на истата или онлајн со кредитна/дебитна картичка . Во случај на онлајн плаќање, потребно е да внесете податоци од вашата картичка за да можете да го извршите плаќањето. Bite Inc има право да го одредува и менува износот на доставата и да го наплаќа заедно со износот на храната.

 

КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА

 

BiteInc.mk го задржува целосното право да одбие пристап до веб страницата/ профилот или до услугите, на било кое лице, во било кое време, поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Bite Inc,  и Bite Inc  не е одговорен за кои било изгубени податоци додека се врши пренесување на истите преку интернет. Веб страницата може да биде недостапна поради било каква причина. Bite Inc има право во секое време да ја промени или прекине било која функција на веб страницата. Како предуслов за употреба на веб страницата, Вие се согласувате со следниве изјави:

 

·         Имате најмалку 18 години;

·         Сте во можност да направите правна обврска;

·         Нема да се обидете да вршите било какво дејство за вадење информации од веб страницата;

·         Секогаш ќе ја користите нашата веб страница во согласност со овие Услови за користење

·         Ќе правите легитимни нарачки и плаќање на истите;

·         Информциите кои ќе ги оставате во било кое место на веб страницата ќе бидат секогаш точни и ќе ги ажурирате доследно при евентуални промени.

·         Ја прифаќате одговорноста за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување.

 

ДОЦНЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТОТ

 

Веб страницата на Друштвото и услугите може да  бидат предмет на ограничувања, одложувања и други проблеми поврзани со користењето на интернет и електронските комуникации, освен како што е поинаку побарано од важечкиот закон. Bite Inc не е одговорорен за било какви одложувања, неуспеси во испораката или друга економска штета што произлегува од такви проблеми.

 

НАСТАНИ НАДВОР ОД НАША КОНТРОЛА

 

Bite Inc нема да се смета за одговорен за доцнење или неизвршување на своите обврски согласно овој договор кои произлегуваат од било кои причини кои се надвор од негова контрола како што се: штрајкови, инвазија, терористички напад или закана од терористички напад, војна или закана или подготовка за војна; пожар, експлозија, невреме, поплава, земјотрес, епидемија или друга природна катастрофа; неможност за користење на јавен или приватен транспорт; сообраќаен метеж, сообраќајни несреќи, неможност за користење на јавни или приватни телекомуникациски мрежи; актите, декретите, законите, регулативи и сл.

 

ПРЕКИНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА

 

 Повикувајќи се на своето дискреционо право, Bite Inc може да ја  модифицира или да ја прекине услугата, или може да го измени, да го суспендира или да го прекине Вашиот пристап до веб страницата  или услугите од која било причина, со или без известување до Вас и без одговорност кон Вас или било која трета страна. Покрај суспендирањето или прекинувањето на пристапот до веб страницата или услугата, Друштвото го задржува правото да преземе соодветни законски мерки, вклучувајќи, без ограничување, извршување на граѓански, кривични или судски надомест. Дури и откако Вашето право да ја користите веб страницата или услугите е прекинато, овој Договор ќе остане спроведен против Вас.

 

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

 

Во никој случај Bite Inc, неговите соработници, нивните вработени, агенти, доставувачи, даватели на услуги и провајдери на содржина не се одговорни за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со: вашето користење на веб страницата, содржината, корисничката содржина и други информации содржани на истата; вашата неможност да ја користите вебстраницата; промена или отстранување на содржина поставена на веб страницата.

 

ИЗМЕНУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ

 

Biteinc.mk го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите za користење како што смета дека е неопходно или пожелно. Од Вас се очекува да ја проверувате оваа страница од време на време и да обрнете внимание на промените што се направени. Секое користење на веб страницата од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање на тие измени.

 

АВТОРСКИ ПРАВА И ТРГОВСКА МАРКА

 

Веб страницата содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, слики, видео, графика, музика и звук. Bite Inc има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува. Дополнително, Bite Inc има авторско право над фотографиите кои се во негова сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудените услуги. Секое копирање, дистрибуирањем пренесување, постирање, поставување линкови, модифицирање, учествување во продажба, или на друг начин модифицирање на оваа веб страница, или на било кој друг

Bite Inc. © 2021. UKION SHOPS